Зошто ги избравме „Novaltec Group“ машините за чистење со пареа за секој бизнис ?

Со проблемите со хигиената се соочува секоја компанија од секоја индустрија. Хигиената е особено важна за угостителскиот, комерцијалниот и индустрискиот сектор. Овие сектори се соочуваат со секојдневни предизвици во текот на секојдневното работење. Го согледавме овој проблем и се впуштивме во барање на решение со кое секој бизнис ќе овозможи комплетна природна алтернатива за дезинфекција на просторот и површините и длабинско чистење каде е потребно.

Чистењето со пареа овозможува уништување на сите бактерии, вируси, воздушни алергени, мувла, маснотија, прашина и непријатни мириси

Започнавме со нудење на машините и услугите за чистење со пареа во јуни 2019-та година. Во соработка со италијанскиот бренд „Novaltec Group“ за прв пат на македонскиот пазар нудиме решенија за сите проблеми со хигиената со кои компаниите од угостителскиот, комерцијалниот и индустрискиот сектор се соочуваат.

Дознавме дека пареата ги уништува сите видови на бактерии, вируси,воздушни алергени, мувла, маснотија и прашина а воедно се губат и непријатните мириси. Веднаш ни стана јасно дека ние, ТЛТ заедно со „Novaltec Group“ вашиот прв избор кога станува збор за подобрување на хигиената и имиџот – сликата за вашиот бизнис.

Пареата дозволува целосно природна алтернатива за дезинфекција како и длабинско чистење Пареата ги уништува сите видови на бактерии, вируси,воздушни алергени, мувла, маснотија и прашина а воедно се губат и непријатните мириси.

За Novaltec Group

Novaltec Group е компанија која е основана во 1994-та година во Италија (Scorze’). Компанијата се занимава со производство, продажба на машини, аксесоари и детергенти за професионално и индустриско чистење и дезинфекција.

Искористувајќи ја предноста и моќноста на еден природен елемент, како што е пареата, „Novaltec Group“ станува еден од
лидерите во оваа бранша. Секторот за истражување и развој непрекинато развива нови решенија, кои комбинирани со искуството стекнато во оваа област им овозможува да креираат производи кои имаат високо ниво на додадена вредност, бидејќи се способни за уникатни и “eco-friendly” перформанси во согласност со најстрогите регулативи за безбедност.

Производите на „NovalTec Group“ се погодни за сите наши постоечки и потенцијални нови клиенти на кои позитивната
слика за својот бизнис им е на прво место. Горди сме што ви овозможуваме „Novaltec Group“ да е вашиот прв избор кога станува збор за подобрување на хигиената и сликата за вашиот бизнис.

[ux_product_flip cat=”70″ products=”20″]

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *