Предностите на чистење со пареа се многубројни

Чистење со пареа Cistenje so parea

Уште во првото чистење видливи се предностите и разликите кои пареата ги има во споредба со останатите начини на чистење.

Кога чистиме со пареата штедиме време

Времето потребно за чистење на вашиот дом, возило или канцеларија секогаш варира и зависи од многу фактори, а најмногу од состојбата во која се наоѓа. Зависи и од тоа како ќе одлучите да го исчистите.

Користејќи пареа заштедуваме повеќе од 30% од времето потребно за чистење. Ова време можеме да си го прераспределиме на една активност во која уживаме, а тоа да не биде чистењето. Со други зборови, ако чистиме активно 2 часа, со чистење со пареа заштедуваме најмалку половина час. Самото носење на џогер и кофа или крпи со вас и постојаното менување на водата и цедењето на џогерите се најчесто напорни и одземаат  време. Ваквите ситуации ги решаваме со пареата. Нема кофи, нема џогери, нема крпи.

По чистењето со пареа, сушење на површините

Сушењето е делот во кои не сме активно вклучени. И тука доаѓа одмор и релаксација. На целокупната опрема и површина која претходно сме ја чистеле со некој друг начин. потребно им е одредено време по завршувањето за да биде комплетно исушено. На тоа сме навикнати, но не мора да е така. Со чистењето со пареа веќе нема да размислуваме на овој дел од работата штом заврши,е со самото чистење.

Со пареата на температура од 175C ги унишутуваме речиси сите бактерии и микроорганизми

Бактериите и микроогранизмите кои не се видливи со голо око и кога се чисти со обична опрема се нешта врз кои немаме преголема контрола. Но сето ова со пареата се менува бидејќи пареата загреана на висока температура, на 175С, се уништуваат сите овие несакани посетители на нашиот дом.

Мултифункционалност на Novaltec Group машините за чистење со пареа без хемикалии

Со добра машина за чистење на пареа ќе можеме да ги исчистите сите површини во нашиот дом. Од подови (плочки, паркет, ламинат), теписи, мебел, завеси, кујнски апарати, тоалети, дрвени и метални елементи и др. Со една машина, со разни додатоци, ја елиминираме честата потреба за купување на секаква опрема за различни површини на чистење.

Со некористењето на хемиски средства за чистење ја заштитуваме површината која ја чистиме, а што е многу поважно го штитиме своето семејство и најблиските од било какви штетни хемикалии.

[button text=”Закажате бесплатна презентација – чистење во вашиот дом или канцеларија. Кликнете тука или јавете ни се на 070/303-338″ style=”alert” size=”medium” link=”https://fb.com/book/tltsteam/” target=”_blank”]

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *